Македонија

Синот на Силјановска седум години бил член на Управен одбор во ЈП „Злетовица“

Gordana_ Siljanovska

Павле Давков, син на професорката Гордана Силјановска Давкова, актуелен кандидат за претседател од ВМРО ДПМНЕ, бил избран во два мандати во Управниот одбор на ЈП „Злетовица“ од Пробиштип. Давков е предложен и избран од владата предводена од ВМРО ДПМНЕ, потврдија  од „Злетовица“. Според  документацијата на јавното претпријатие, прв пат Владата Давков го именувала на 26.11.2011 година со шестгодишен мандат, за повторно да виде избран во 2015 година. Во Управниот одбор членувал до 11.07.2017 година, кога е разрешен од новата власт, без да го заврши вториот мандат.

Актуелното раководство на „Злетовица“ нема податок што по професија е Павле Давков и каков бил неговиот придонес во раководното тело на државното претпријатие, туку само знае дека имал високо образование.

-Биографиите на членовите на Управниот и Надзорниот одбор остануваат во Владата, која само ни дава име и презиме на избраните членови и нивни контакти. Но, со сигурност од документацијата може да потврдам дека Павле Давков бил во Управниот одбор од 2011 до 2017 година, изјави Миле Илиевски,  директор на „Злетовица“.

pavle-davkov_imenuvanje



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.