Македонија

Синот на Ристо Никовски добил 217 илјади евра од Буџетот од претходната власт

Bладата денеска обелодени три случаи за набавки, тендери и договори склучени од страна на минатата власт за која постојат основни индиции дека со нив е направена штета на Буџетот на Република Македонија.

Портпаролот на Владата Миле Бошњаковски на прес-конференција истакна дека е побарана истрага од Министерството за внатрешни работи, како и започнување на постапка пред државното правобранителство.

Еден од случаите се однесува на договорите за ангажирање на Александар Никовски, Џорџ Р. Пери и Јехшуа Шуки Глајтман за надворешни соработници на поранешниот премиер Никола Груевски. Потписник на овие договори е тогашниот шеф на канцеларијата на Груевски, Мартин Протуѓер. Постојат индиции дека потписот на Протуѓер е во спротивност со членот 6 од Одлуката за формирање на канцеларија на претседателот на Владата.

Портпаролот на Владата како пример посочи дека советникот на Груевски, Александар Никовски по разни основи добивал пари од Буџетот во висина од 217.490 евра. Во овој случај Владата има доставено барање за мислење до државното правобранителство.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.