Колумни

ШТО СО ЦИГЛАТА?

На времето имаше маалски битанги кои по ќошиња начекуваа жртви и им продаваа цигла. Ќе те начекаат, ќе те опколат и ти нудат да ја купиш. Ти за да не јадеш ќотек, им даваш пари – а они тебе ти даваат цигла.

Номинално, не се десила кражба туку купопродажба. Фактички, они ти ги зеле парите, а ти у рука држиш нешто неупотребливо дур го голташ понижувањето кое те спасило од ќофтање.

Е, ама само луд човек иде дома со циглата да се фали:
– Женоооо, да видиш што сум купил, живо џабе!

За илустрација  би требало сега да ви ги пуштиме говоранциите на пратениците кои гласаа за промена на името.  Ама зошто да ве тераме да се чувствувате мизерни гледајќи туѓа мизерија? И зошто да ни зафаќаат простор на сервер 69 вируси?

Наместо тоа, ајде стварно да гледаме напред и да видиме како таа цигла што ни ја донесоа дома еден ден треба да ја употребат.

Бидејќи се патолошки склони кон плацебо ефект, не се сомневаме дека и во овој ритуал ќе уживаат.

п.с.

А гледате ли игранката како е договорена? Мицковски им рече на демонстрантите дека против ова ќе се борел во Собрание, а не на улица. И кога треба да се бори во Собрание – неговите си искачаат за овие другиве да можат ладно да си изгласаат. После он ќе пере раце и ќе повикува на избори… ама не мора баш одма, нели, може и догодина. Да има Заев време да заврши уште нешто што е договорено.

Наравоучение: Со Македонија веќе 27 години не владеат партии, него картели како во Narcos. Кога им чини да се караат, си се караат. Кога не им чини, глумат кавга. Во меѓувреме Колумбија тоне, али затоа цена на грам бело расте. Дур ЦИА не одлучи другачије.

******

Чисто онака, малку од малку да ви се огади сето тоа:

LINK



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.