Занимливости

Што си купи директорот на „Гранит“ за 392.000 евра?

Страшо Милковски се стекна со 0,6 отсто од сите акции на „Гранит“ односно купи 17.868 акции со право на глас и во нив, според пазарни цени, вложи 392.000 евра. Неофицијално, продавачи на акциите се домашни физички лица кои лани беа извесни во нашата јавност со предлогот за зголемена исплата на дивиденда, кој тогаш не помина на акционерското собрание

Страшо Милковски, долгогодишен директор на „Гранит“ направи потег за пример во инвеститорската заедница. Милковски од позиција претседател на управниот одбор на најголемата македонска градежна компанија докупи 17.868 акции со право на глас во таа компанија. Тоа е пакет од 0,6 отсто од сите акции со право на глас во „Гранит“, а во нив Милковски (според актуелни берзански цени на таа акција н.з.) вложи 392.000 евра.

Новината во „Гранит“ инвеститорската заедница во Македонија ја почувствува уште при крај на претходната седмица во која акцијата на „Гранит“ која е една од најтргуваните беше единствената чија пазарна цена порасна.

Пазарот на акции позитивно реагираше на оваа ценовно – чувствителна информација и гестот на Милковски го оцени како позитивен и охрабрувачки за нови вложувања во време на бројни неизвесности и ризици.

„Гранит“ минатата седмица , како што веќе пишувавме, ја достигна рекордната годишна пазарна цена која изнесува 1.540 денари. Вчера по објавувањето на веста акцијата на „Гранит“ заврши тргување на цена под 1.500 денари (просечната цена беше 1.484 денари).

Веројатно дека Милковски е купувач на акциите во системските блокови што беа истргувани минатата седмица на нашата берза. Тогаш во блок трансакциии помина количество акции кое во агрегат и во груб износ сосема одговара на акциите кои Милковски ги стекна, а за кои берзата информираше вчера.

Можно е да е слика од 2 луѓе, дрво, надвор и текст кој вели „курвин воденак Berberot за 35 години живот BO ново лисиче, вакво нешто прв пат гледам.“

Неофицијално, продавачи на овие акции се физички лица кои минатата година дадоа предлог за зголемена исплата на дивиденда од „Гранит“.

Најголеми акционери во „Гранит“ се децата на Страшо Милковски кој им ги пренесе во наследство неговите 17 отсто од целиот капитал на компанијата. Ќерката Ивана Милковска е претседател на Надзорниот одбор и поседува 8,8 отсто од акциите, а синот Зоран Милковски е генерален директор на друштвото, а поседува 8,7 отсто од сите гласачки права. Пензискиот фонд „Сава“ контролира 7,5 отсто од акциите.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.