Занимливости

Што се случува: „Анонимни Македонија“ му се заканија на директорот на ФИТР, Халили

Граѓаните почнуваат да ве гледаат како обичен криминалец. Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) е уништен, се вели во видео пораката „последното предупредување“ на „Анонимни Македонија“. Тие го обвинија директорот на ФИТР Фестим Халили дека „неуспешно раководи со институцијата“.

– Се чини дека твоето познавање за програмирање, ИТ и стартап е слабо. Ова било очигледно за твоите вработени подолго време, кои со месеци се соочуваат со неподносливи услови под твое водство. ФИТР e уништен, компаниите губат пари, а работоспособни лица ја напуштаат Македонија – се вели во пораката на „Анонимни Македонија“ до Халили кој, според нив „ги прекинал сите операции од причина што само тој и ‘Анонимните’ ги знаат“.

„Oва е последно предупредување. Мислиш дека си најпаметната личност во просторијата, но сега запозна некој на твое ниво. Ние сме „Анонимни“, ние сме легија. Очекувај нѐ “, се вели во видео-пораката.

Целата порака од „Анонимни Македонија“ можете да ја погледнете ТУКА.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.