Занимливости

Што прави градоначалникот на Бутел? – Многу вети, а сите работи заглавија!

Вака прашуваше и ветуваше актуелниот градоначалник на Бутел, Велимир Смилевски пред да стане прв човек на општината. Ветувањата продолжија и откако стана градоначалник на Бутел, како што е изградба на училиште во Визбегово, за кое пред една година рече дека изградбата ќе започне во 2020.

Уште три месеци до крајот на 2020. Уште два месеца ќе бидат полни три години откако Смилевски стана градоначалник, а ниедно од овие ветувања се уште не е реализирано.

Жителите на Љуботен се уште се без вода. Училиштето во Визбегово се уште не е до никаде. Поликлиниката исто така. За ова вчера протестираа жителите на оваа општина, со транспаренти на кои пишуваше “Смилевски не’ излажа“!

Смилевски со објаснување за неизградбата на поликлиниката која ја ветуваше во 2017.

– Реклама –

Слични објаснувања имаше и за нереализираните проекти до сега. Проблеми со документацијата, пренатрупаност на урбанистичкиот план и процедури кои не се довршени во други институции.

Му побаравме интервју за да ни каже што работи во врска со ветувањата, но накратко ни рече дека “за еден месец ќе имаме презентација на  сработеното“.

На градоначалникот на Бутел му останува уште една година до крај на мандатот за реализација на дадените ветувања пред жителите на Бутел. Локалните избори се очекува да се одржат есента  2021!

Македонија

Заболени
26,394
Мртви
897
Излечени
18,430
Активни
7,067
Last updated: 25/10/2020 - 08:41 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker