Занимливости

ШТО Е СПОРНО ВО НАБАВКАТА НА ФИНГЕРПРИНТ ТЕРМИНАЛИТЕ? Фирмата „Дермалог“ направила хаос на изборите во Авганистан и на Хаити – ќе направи ли и во Македонија?

„Дермалог“ беше избрана на тендерот за обезбедување техничка опрема за спроведување на локалните избори во Македонија со отпечаток на прст. Како што на 16 јули соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, оваа компанија била оценета како најдобра од Комисијата за јавни набавки.

Спорен, нејасен и криминален е тендерот со кој фирмата „Дермалог“ ги набави и ги донесе своите „фингерпринт“ терминали во Македонија, а истите направиле хаос и на изборите во Авганистан, анализира реномираниот германски весник „Велт ам Зонтаг“, пишува Дојче Веле.

Во нетранспарентна постапка, како што веќе имало и во Хаити и во Авганистан, компанијата „Дермалог“ од нејасни причини била фаворизирана од македонските власти, а нејзините подизведувачи, со сомнително минато, можеби се поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, тврди весникот.

Оваа горчлива информација доаѓа денеска, непосредно по пристигнувањето на терминалите во Македонија. Какви избори ќе имаме во октомври? Со истите терминали од „Дермалог“, според „Велт ам Зонтаг“, во Авганистан јавноста чекала пет месеци за да добие конечни резултати од гласањето!

Германски министер фатен во зделки со „Дермалог“

Анализата на весникот почнува со актуелниот германски министер за финансии и водечки кандидат за канцелар на претстојните парламентарни избори во Германија, Олаф Шолц, кој се најде на удар на критиките откако медиумите открија наводно сомнителни зделки во работењето на технолошко-биометриската компанија „Дермалог“.

Според весникот, фирмата „Дермалог“ добивала договори за испорака на биометриска опрема, како апарати за отпечатоци за прсти, без тендери во неколку држави. Спорни се постапките за набавка во Авганистан и Хаити, но весникот го споменува и последниот тендер за локалните избори во Македонија.

Македонија, Германија, Авганистан, Хаити

„Дермалог“ е приватна компанија со 22 проценти државен удел преку Сојузната печатница, а контролата на работењето е во рацете на Министерството за финансии. Оттука и притисокот врз Шолц, кој, според „Велт ам Зонтаг“, не водел сметка за работењето на фирмата во странство.

„Дермалог“ беше избрана на тендерот за обезбедување техничка опрема за спроведување на локалните избори во Македонија со отпечаток на прст. Како што на 16 јули соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, оваа компанија била оценета како најдобра од Комисијата за јавни набавки.

– Фирмата „Дермалог“ од Германија е избрана со евалуација, ги исполнила условите, била најдобра, имала најдобра понуда, најдобар апарат, затоа предлогот го прифатив како веродостоен – рече тогаш Даштевски.

Медиумите во Германија веќе го повикаа министерот за финансии, Олаф Шолц, да се изјасни за работењето на Дермалог во странство.

 

Тендер под чудни околности

Државата на „Дермалог“ ќе ѝ исплати околу 11 милиони евра за 2.000 апарати за читање отпечаток од прст кои треба да се користат на претстојните локалните избори на 17 октомври.

Еве што пишува „Велт ам Зонтаг“ за спроведената постапка во Македонија:

„Истражувањето покажува дека последниве години ’Дермалог‘ добивал владини договори со невидена леснотија. Во некои случаи, воопшто немало покана за учество на тендер, иако тоа била законска обврска за спречување корупција. На други места – во моментов во Северна Македонија, каде изборите се закажани за октомври – имало тендер, но ’Дермалог‘ го добила договорот под чудни околности. Во повеќе наврати, локалните партнерски компании играле улога, очигледно добро поврзани со локалните политичари“.

За германскиот весник, сомнително е и тоа што другите учесници на тендерот биле експресно одбиени уште на самиот старт:

„Последниот договор кој го добила фирмата во Северна Македонија исто така привлече внимание. Овојпат, имаше конкурентска тендерска постапка. Но, Комисијата за набавки одбила неколку конкуренти уште на стартот затоа што, наводно, не ги исполнувале условите на тендерот. На 11 август, надлежните му одобрија на Дермалог да ја достави биометриската технологија. Вредноста на договорот е речиси 11 милиони евра“, пишува „Велт ам Зонтаг“.

Терминалите направиле хаос на изборите во Авганистан

Весникот тука ја пренесува изјавата на Мухамед Наим Аџубсада, шеф на Изборната комисија на парламентарните избори во Авганистан во 2018 година. Во таа земја „Дермалог“ добила договор за обезбедување биометриска опрема за изборите без тендер, на што Аџубсада тогаш предупредувал. Опремата на „Дермалог“ се користела и една година подоцна, во септември 2019 на претседателските избори во Авганистан. Резултатите пристигнале пет месеци подоцна поради проблеми со системот на биометриска идентификација.

Аџубсада тврди дека „ја предупредил и владата во Северна Македонија за конфузијата што се случила во неговата земја“, но не бил послушан.

Подизведувачи на „Дермалог“ се еден одбојкар и една манекенка?!

Но, што било карактеристично за понудата на германската компанија во Северна Македонија, пишува натаму „Велт“:

„Компанијата најавила дека ќе ангажира двајца подизведувачи. Двајцата ќе добијат по 14 отсто од целата сума – вкупно 3 милиони евра. Квалификациите на овие две компании не се веднаш јасни: едната му припаѓа на поранешен одбојкар кој извесно време нудел идентификациска технологија заедно со партнер од Белгија. Но, како единствен соработник во неговата фирма, барем на мрежата ЛинкдИн, фигурира една жена со искуство како манекенка. Прашан за ова, поранешниот одбојкар тврди дека зад него стои голем тим. Вториот локален партнер, според сопствената интернет страница, нема ништо заедничко со биометрија, туку нуди психолошки совети и односи со јавност“.

Image

Провизија ќе „лапне“ подизведувачот – бивш партнер на ВМРО-ДПМНЕ?!

„Благодарение на помошта од Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН), Велт ам Зонтаг дојде до името на основачот на една од фирмите-подизведувачи. Во минатото тој се сметал за добро поврзан со долгогодишната владејачка партија ВМРО-ДПМНЕ. Член на оваа партија бил директно поврзан со тендерот – а нејзиниот партиски шеф лично го бранеше. Компанијата отфрла каква било поврзаност со партијата“, објавува весникот.

Договор на една година – а потоа?

„И ’Дермалог‘ ги отфрла претпоставките дека провизијата би можела преку подизведувачите да се насочи кон политиката во Северна Македонија. Исплатите на локалните партнери се пазарно оправдани и се наменети за сервисирање во следните пет години. Впечатливо е тоа што договорот на ’Дермалог‘ е на една година. Од име на компанијата, адвокатот сепак предупредил: во случај на објавување на непроверени сомнежи, тој ќе го советува Дермалог да поведе правна постапка“, пишува весникот „Велт“.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 08:00 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.