КолумниМакедонијаТОП

ШТО Е БЕ ОВА ВТОРА БОЛНИЦА ПО РЕД СО КРИМИНАЛИИ ПОСЛЕ ЖАН МИТРЕВ И ОЧНАВА БОЛНИЦА КРИМИНАЛНА ДА ТИ БИЛА, АМАН ДОКАЗ САЛ ЗА ПОКВАРЕНИ БОЛНИЦИ ЛИ ДА СЕ СПЕЦИЈАЛИЗИРА?

Управители во „Еуропиан ај хоспитал“ осомничени за криминал тежок околу 750.000 евра

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две лица во својство на управители на приватната здравствена установа Специјална очна болница „Еуропиан ај хоспитал“ п.о. Скопје.

Сите директори во здравството вечерва повикани на исповед кај Зечевиќ кој е кртот што дава инфо на Доказ – ДоказМ.мк

Пријавените лица, во период од 2011 до 2020 година, ја злоупотребиле својата службена положбa, на начин што набавиле повеќе видови медицински средства од сомнително потекло, односно од непознати производители и добавувачи, при тоа истите не ги евидентирале во нивното сметководство како набавени.

 

 

Медицинските средства се ставени во промет на начин што ги вградувале кај пациенти при извршени оперативни зафати, иако истите не се запишани во Регистарот на медицински средства, не се одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД), ниту, пак, се во согласност со пропишаните услови во Законот за лекови и медицински средства.

Нерегистрираните медицински средства не ги евидентирале во своето сметководство со влезни фактури и за вградување на истите не евидентирале материјален излез, при тоа наплатиле парични средства од пациенти со што се стекнале со значителна противправна имотна корист во вкупен износ од 38.808.491 денари.

Пријавените за дел од вградените медицински средства, кои се набавени на нелегален начин и не се одобрени од Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија (МАЛМЕД), наплатиле партиципација од пациентите, а на штета на Фондот за здравствено осигурување на РСМ наплатиле износ од 7.037.050 денари.

Со горенаведените инкриминирачки дејствија од страна на пријавените лица причинета е вкупна материјална штета од 45.845.541 денари.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.