Колумни

ШТО ДОГОВОРИЈА АЛБАНЦИТЕ? ЕДИ РАМА И ХАШИМ ТАЧИ ИЛИ ИВАНОВ, ГРУЕВСКИ, ЗАЕВ- КОЈ Е ПОБИТНИОТ?

По двете средби во Тирана на лидерите на партиите на Албанците во Македонија  и премиерот Еди РАМА , сега се вклучи и Приштина и  косовскиот претседтел Хашим Тачи. Изгледа ставот не им е прецизен ниту на едните ниту на другите, а најмалку остануваат сигурни македонските партии кој ќе биде нивниот партнер во власта односно кој ќе биде опозиција.

Последно е дека претседателот на Косово Хашим Тачи вчера се состанал со лидерите на политичките партии на Албанците во Македонија. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека притоа се разговарало за потребата од координација на албанските политички претставници со цел да се почитува слободната волја на албанските граѓани изразена на предвремените избори во Македонија на 11 декември.

Тачи, како што се додава, се сретнал со претседатлите на ДУИ, БЕСА и Алијансата на албанците Али Ахмети, Биљал Касами и Зијадин Села. На состанокот била изразена подготвеност на албанските партии во Македонија максимално да се ангажираат за што подобро застапување на интересите на Албанците, како и за долготраен просперитет и стабилност на Македонија.

  Сепак Тачи доцни, ова е колку да му се удоволи дека и тој е регионаен играч, а заедничката платформа на партиите на Албанците во Македонија, е  договорена уште  на средбата на 29 декември во Тирана со албанскиот премиер Еди Рама,. Таа „братска средба“  остана да лебди во воздух, бидејќи сè уште не е одобрена од сите партии. Од ДУИ, велат дека ќе дадат зелено светло во текот на оваа недела.

 Движењето Беса и натаму останува на ставот дека ги поддржуваат сите процеси и прашање кои се во корист на Албанците , но дека  нема да присуствуваат на средби кои ги организира ДУИ, партија веќе 15 години дел од власта во земјава.

Од „Алијанса за Албанците“ сметаат дека средбите меѓу албанските партии треба да продолжат сè до заокружување на заедничка национална платформа.

Весел Мемеди од НДП, смета дека со таква платформа Албанците за прв пат ќе бидат победници.

Од ДПА засега не излегуваат со став за тоа дали ќе ја поддржат платформата која почна да се гради токму  во Тирана.

Странски служби !?

Во меѓувреме  во македонските партии нема коментари за тоа што по својот став и стратегија нивните  можни идни колициони партнери се координираат со странци.Значи не амбасадори туку директно  по мислење во Тирана и Приштина., со премиери и претседатели.

ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски сега не коментираат дека странци ни ја кројат судбината, или се мешаат тоа „војските соросоидни“ служби  и амбасадори.  ДА, оваа тема ја искоментираа  само по социјалните мрежи, ама главно  преку лажните профили , а јавно дека се тоа е мешање во внтрешните работи го кажаа само насловите  и тоа замислете во бугарските медиуми.

Македонските политичари си тргнааа од онаа  поговорката „немој да кудиш (напаѓаш)таму каде што треба да молиш“, па Груевски наместо критики до Приштина и Тирана , дрмна со мега интервју, каде што  си  дава пораки и објаснувања и за странците, и за шарените, за своето членство и за браќата  Албанцит .  Груевски  сега порачува дека не е шовинист и националист и нема врска тоа двојазичноста како другите ја разбрале..

Обидот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски да се брани и правда дека не е шовинист и националист е во функција на креирање поинаква слика кај албанските гласачи во фаза на правење влада со ДУИ или некоја друга албанска партија,веднаш нагазија  аналитичарите.

Во вториот дел од мега-интервјуто на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за „Република“, зборува за како што вели, етикетата дека ВМРО-ДПМНЕ е националистичка партија. Груевски вели дека Сорос и другите сосема неправедно делат етикети за шовинизам, на влада и на партија (мисли на ВМРО-ДПМНЕ) што е мултиетничка, во земја во која има соживот и толеранција.

– Ова интервју очигледно е нарачка на ДУИ за да се ублажи антивмро чувството кај Албанците во процесот на составување на влада со ВМРО-ДПМНЕ.  ДУИ поради тоа чувство не може да се приближи ни до Халкидики ни до Маврово, или било каде, каде што се прави влада. Реалните хендикепи на ВМРО-ДПМНЕ за правење влада со ДУИ или со друга албанска партија се сосема други, не е чувството туку оваа партија реално беше единствената партија што имаше албанофобична кампања во целост, паметиме како злоупотребуваше снимки од ментално болни, единствена која има пратеник осуден за воени злосторства против Албанците( Јохан Тарчуловски) . Ова се реалните работи што не може да се ублажат со никакво интервју – вели Рамадан Рамадани.

Тикму тоа е тоа што не смее да си го дозвло Али Ахмети, бидејќи  тој потоа ќе треба да ја спасува својата глава од својот народ, велат добрите познзавачи на сосотјбите во албанскиот кампус.

Заев пак молчи  за политиката, делува сигурен дека се е договорено , и се обидува да остане со народот и живоста во него.

 

„Денеска им се придружив на граѓаните од Гевгелија. Заедно да ја поминеме вечерта, надвор, покрај коледарските огнови, што е многу стара традиција во овој крај. Продолжуваме заедно! Нека е за многу години! “

Ова на својот ФБ профил синоќа  го напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и  објави и фотографии од настанот., Претседателот Иванов пак  ако досега не го потпишал решението за мандатар,и го чува во фиока,и  ако само тој се прашува сигурно ќе му го предаде за Никола Груевски.Може само го чека да се врати од одмор и да ја дочита книгата за Трамп да не му го ремети раатот.  Никој нема дилеми за тоа. Јасно е Уставот  тоа му го дозволува , друго тоа поданичко убедување  тој не би го менувал , а и нема зошто да го менува.Убаво му е претседател втро мандат, топ!

Што значи насоката ќе биде таа , тој од понеделник треба да го додели мандатот за правење нова влада, на Никола Груевски ( моја претпоставка) , а потоа нов рок за купување и прдавање на пратеници. Им треба купување време, а тоа Никола Груевски секогаш вешто и максимално го искористувал.Тој може да чека и влече на евентуалните смени на Трамп.

А народот?

И во целата таа математика , едни се парите кои на големо се нудат за купување пратеници од двата блока и на СДСМ и на ВМРО ДПМНЕ, преку помалите колиционери, друго е цврстината и точката на топење на ДУИ, кои преговараат на три страни  и последен е зборот на граѓаните гласачи. Иако  се бројат пари, тендери , во оваа фаза изгледа дека е ставен на игнор гласачот.

Пазарењата за власт , и ветувањата на а политичарите и партиите се едно,  но делба на колачот за партиите а трошките на граѓаните кои гласаа е веќе е излитена приказнза колку и да им се пере мозокот за „стравовите и страшилата“ преку медиумските мегафони на тв екраните

Гласачите не кријат дека ќе дојдат по своето, до колку нема промени. Нивниот број на гласови ја покажа вољата за смена на власта и досегашните политики,  и тоа дали преку гласови во едн, на  друга партија,  во овој или оној блок, е небитна работа.

Битно е дас е знае дека игнорирањето на таа воља, не исклученува дури тогаш наместо народните избраници  во ссобраниските и пратенички клупи, да го донесе токму народот на кој се повикуваат сите.

Тоа би бил сериозен ризик, и не само нов продолжеток на кризата, туку можност за вклучување на нови методи и играчи на теренот, освен ако ги игнорираме како познати , регионалците  од типот на Рама, Тачи, Дачиќ,Коѕијас.

Одбројувањето сепак е пред  крај а завршуваат и празнувањата и новогодишните, и божиќните и победничите.

Ад извор: ЛОКАЛНО мк

Македонија

Заболени
27,199
Мртви
934
Излечени
18,948
Активни
7,317
Last updated: 27/10/2020 - 06:41 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.