Колумни

Што да ти напишам бе македонче а да не го нарушам твојот мир, попладневната дремка,а?

Што да ти напишам бе македонче а да не го нарушам твојот мир, попладневната дремка,а?

6fc7eb9e87f638146c9efd4be1117b2a

Како човече да ти кажам дека си во заблуда, дека си бе грешка? Велиш Македонецот е роден за големи дела за исчекор од илјада стапки дека на овој народ времето допрва ќе му дојде и нема да е само пет минути туку векови…

Сите имате бе милион идеи само усеруваме при реализација, нема завршен удар, ккао швалерот ја чести ја дружи, ја теши само кога треба да ја ебе не му станува немал завршен удар,  швалер у покушај…

Лесно се уморуваш бе Македонче кога работиш за газди, а па за себе ич си дремеш…бизнисот сам нека оди ти само собери еврата.

Тежок ти бил животот, комшиите те навредиле, политичарите заебале, домашните повредиле..тежок ти бил животот немаш сили за напред, ама за назад не би у место ќе клецкаш. Се откажуваш пред и да почнеш, а што ако не успееш, како ќе се појавиш на слава у гости, на улица, сите ќе те покажувале со прст еве го овој проба и не успеа, македонска работа.

Ок де знам дека сакаш по нешто да промениш не си ти Македонецу до толку угоен и успан, ама како де го слушаш лидерот климаш со глава он те лаже ти не му веруваш  полтронишеш у брада се пцуеш ама на глас нема глас само мрмка. Си викаш па што и ако се бунам црна овца другите ќутат еве ги и се надеваат им растат и уши и рогови и опашки ама си ќутаат. А, знам те гледам правиш гримаси би виканл малце сите да те разберат, да бидеш филмски лик сакаш бе ајде сакаш признај пизда ти материна дека си комунист…

Од мал тетките ти велеа дека си чудо од дете вундеркинг, да ти го јаделе пачето и главчето умно ама не најде бе храброст тоа и да го докажеш, они верувале ти дремеше…

Само тој монолог додека чучиш на шољата се преслушуваш себе си што си пропуштил денес и вчера и лани. Се пцуеш себе си затоа што не трпиш чаги, луѓе над тебе-авторитети, лажни богови и неправедни прогони, ама ти си македонче добро воспитан од дома, јали на школо кој тебе со камен ти газ дај му и леб де.

Се движиш по траекторија мапа, дедо овака велеше, баба онака тате и мама исто и ти исто, а 21 век отиде возот меѓународен го нема веќе…

Ах бе Македонче животот е так едноставен и прост ама ти си глуп па си го комплицираш затоа што ќутиш, гласај бе Македонче еднаш за себе мајку му дружи се со тој што сакаш не со тој што мораш морону еден балкански. Не живеј во мрак, ама плати си ја сметката за струја трошел не трошел сметките секој од нас си ги плаќа кога тогаш.

И не труди се да те разберат нека клеца коленото, не чекај друг да осветли сам биди првенецот осветли си го твојот пат за комшиите не грижи се ќе дојдат и они. И не биди разуздан кога имаш туку само во посебни прилики научи дека во животот еднаш се гласа а бисери и шампањ се пие во посебни прилики не секој ден, просто е.



Македонија

Заболени
101,214
+582
Мртви
3,111
+13
Излечени
90,685
Активни
7,418
Last updated: 25/02/2021 - 19:26 (+01:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.