Занимливости

ШТИПЈАНИ СИ ГО ДАДОА ГАЗОТ НА КОСОВАРИТЕ, НИШТО ОД ПАТРИОТСКАТА ТРОЈКА

Косовскиот ланец маркети Вива фреш го купува штипски Кит-го: Договорена милионска трансакција

Косовската компанија Viva fresh store (Вива Фреш сторе) го купува штипскиот ланец маркети Кит-го, дознава Фактор. Според нашите информации договорот е веќе направен, а Вива фреш за сите маркети на Кит – го ќе искешира над 50 милиони евра. Иако трансакцијата е повеќе од извесна комплетното преземање ќе се реализира од јануари следната година. Првиот човек на Вива фреш сторе во Македонија Беким Бекири за Фактор ја потврди информацијата, но не сакаше да соопштува детали. Побара прашањата да ги испратиме на мејл, но не добивме одговор.

Инаку Viva Fresh Store е лидер ланец на маркети од Косово. Има 64 маркети во 21 град и работи со повеќе од 60 000 различни производи.Според податоците оттаму Вива фреш сторе има над 3.000 вработени и генерира годишни приходи од над 200 милиони долари. Во август 2019 година Вива фреш ја почна својата експанзија во Скопје. Во таа година компанијата купи и локална фабрика за месо од каде ги снабдува со свежо месо сите 64 продавници во Косово.

Инаку за годинава Вива фреш планираше експанзија и во Македонија и во Албанија.

Кит-го пак потекнува од Штип и постои 23 години. Низ тие години се изгради во препознатлив бренд во малопродажбата. На продажба, според нашите неофицијални информации се неколку десетици деловни единици на брендот, а Тера маркет и Супер Кит -го остануваат кај штипскиот сопственик. Кит-го оперира во 11 градови во државата.

Фактор веќе објави дека штипскиот гигант, компанијата на Кирил Гогов, лани оствари приход од продажба во износ од 65,2 милиони евра што е за 3 отсто повеќе од 2019 година. Добивката на друштвото изнесува 2 милиони евра што е за 18 отсто помалку од претходната година.

Како одработеа сите домашни ланци маркети лани прочитајте овде.

Александра Томиќ



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 05:11 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.