МакедонијаЦрна Хроника

„ШПИУНЧЕТО НА АРСО„ ФАТЕН СО “РАЧИЊАТА ВО МЕДОТ”?! Лажно се претставувал дека е вработен во МВР и нудел услуги за пари

Нема достапен опис

На 28.09.2022 во 09.25 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје – ЕВР Ѓорче Петров, Одделение за криминалистички работи го лишиле од слобода Б.Р.(28) од Крива Паланка, со престој во Скопје, информираат од МВР.

Тој се сомничи дека довел во заблуда лице од Штип, лажно претставувајќи се како вработен во МВР, и му ветил дека може да му извади лиценца за обезбедување и возачка дозвола без полагање, при што во два наврати му земал вкупно 1782 евра.
При претрес во домот во кој престојува во Скопје, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Доколку е точно дека позади иницијалите Б.Р е Бобан Ристовски, тогаш се работи за активист на ВМРО-ДПМНЕ од Крива Паланка.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.