Македонија

Шокантни информации: Колку чини луксузот во македонските затвори? Сокол стана милионер шиткајќи телефони и викенди

t

Од 200 до 500 евра чини внес на телефон во македонските затвори. Ценовникот го открива Народниот правобранител кој вели дека клучната улога при внесување на забранети предмети ја имале затворските служби. Според Зибери, за таквите платени услуги, сведочеле токму затворениците.

„Ние не се впуштаме во тоа кој е износот на надоместокот за тоа, но, неофицијално за внесување на еден телефонски уред изнесува од 200 до 500 евра, зависно од затворот каде осудениот ја издржува казната. Се разбира, таму се внесуваат и други предмети, како дрога и други недозволени средства“, изјави Насер Зибери, Народен правобранител.

 

Увидот на затворите кој го прави Народниот правобранител открил дека затворските службеници не заработувале само од внесување предмети. Осудените, биле и уценувани да платат за подобар третман додека се зад решетки.

„Најчесто, осудените лица пријавуваат дека се соочуваат со обиди, односно притисоци да платат одреден надомест за да бидат преместени од установ од одреден вид, во друга установа, па дури и во рамки на истата установа во одделенија со подобри капацитети“, изјави Александар Тренковски, Советник за превенција од тортура.

Пред 10 дена, во голема полициска акција, кај затворениците во Идризово беа пронајдени дрога, ножеви, телефони. Како ги минале високите огради, треба да открие истрагата.. Според информации на Сител, идната недела ќе биде познато кој ќе одговара за влезот на забранети предмети во Затворот.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.