МакедонијаСекс

ШОКАНТНА ИСПОВЕД НА СОПРУГА: “Го изневерив со комшијата…”

Не е невообичаено мажите да ги изневеруваат своите жени затоа што не можат да одолеат на физичките привлечности на некоја друга, но во последниве години се повеќе жени започнуваат авантури со мажи само поради нивниот атрактивен изглед.

Ви пренесуваме исповед на 21 годишната Ивана која успеа да си го спаси бракот и покрај аферата и страста кон љубовникот.

– Знам дека многу жени изневеруваат поради емотивна врска, но јас не спаѓам во таа категорија. Кога го видов мојот згоден сосед Дејан, првото нешто што помислив беше: ‘Ох, каков дечко, навистина ми се допаѓа!’ Беше почеток на минатото лето. Тој имаше 25 години, а јас го очекував мојот 30 роденден – вели Ивана.

Таа вели дека отсекогаш спортувала па може да се пофали со завидна фигура, додека  нејзиниот сопруг Душан (35) претпочитал да ужива во пиво и брза храна, па се здебелил и станал непривлечен за неа.

– Патем, Душан беше целосно незаинтересиран за брачниот живот, а јас сум многу потентна жена и навистина ми недостигаше водењето љубов – прокоментира Ивана

Почнала да го шета кучето покрај куќата на соседот, облекувајќи се провокативно.

– Соседот Дејан беше „уловен“ од мојот физички изглед, исто како и јас од неговиот. Еден ден ме праша дали може да ми се придружи на прошетка. Веднаш прифатив и почнав да флертувам со него. По околу две недели, ја завршивме прошетката во шумата. Пронајдовме безбедно место каде што никој нема да може да не види, а потоа го сторивме она што го сакавме двајцата. Беше неверојатно добро и конечно бев среќна – искрена е Ивана.

Нивната тајна врска траела девет месеци. Тие престанале да се гледаат за време на првиот карантин. Сепак,  тоа на Ивана донело нешто неочекувано – нејзиниот сопруг започнал да вежба, ослабе, повторно се активирал во спалната соба …

– Иако ми се чини дека мојот брак сега е многу подобар отколку што беше кога ја започнав аферата со Дејан, сепак „не си го држам своето место“. Имено, Дејан започна да работи во супермаркетот каде што купувам и повторно почнавме да флертуваме. Тој предложи да продолжиме да се „дружиме“. Тој сè уште ме привлекува, особено што ми е подобро во кревет со него отколку со сопругот. Што да направам, дали треба да ја прифатам понудата на Дејан? – прашува Ивана.

Сепак психологот и вика да не си игра повеќе со оган.

– Првиот пат вашата афера со соседот не беше откриена, но тоа не значи дека ќе биде така засекогаш. Некој сигурно ќе открие, а вашиот сопруг веројатно нема да ви прости за прељубата. Тешко е да се одолее кога знаете дека некој гори за вас, но уште потешко е да пронајдете партнер кој е подготвен да стори сé за да ве направи среќна.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.