Балкан

Шок: Бранислав Лечиќ избега од Белград!? Не можеше да ги издржи нападите за силување. Се крие во селото на Веља Невоља

Според пишувањето на српските медиуми, Бранислав Лечиќ наводно решил да побегне од метежот што го придружува по обвинувањето на актерката Даниела Штајнфелд дека ја силувал.

Тој решил да се држи настрана од медиумите, бидејќи повеќе не можел да го издржи притисокот на јавноста, па отишол во својата куќа во Ритопек.

На Лечиќ животот му се сврте наопаку. Тој изгуби важна улога во претставата Кога цветаат тиквите, што ја играше во Белградскиот драмски театар, а некои други ангажмани му беа откажани, голем број колеги застанаа на страната на Даниела, па дури и некои, што тоа не го сторија тоа јавно, престанаа да му се јавуваат, вели изворот.

Наводно Бранислав Лечиќ не бил ниту на роденденот на неговиот син Лав.

Момчето не одеше на училиште неколку дена за да избегне потенцијални непријатности. Тој наполни 10 години, но големата прослава беше пропуштена поради пандемијата. Нина му направи мини-забава во станот во Карабурма, меѓутоа, Лечиќ не се појави. Тие разговараа и одлучија дека е така најдобро, вели извор кој додава дека Радуловиќ е со нејзиниот поранешен сопруг со целото срце.

Нина и нејзините родители веруваат во неговата невиност. Таа му рече дека ќе сведочи на судењето ако тоа воопшто се случи, вели изворот.

Да потсетиме, Ритопек стана познат во целиот регион во изминатиот месец, по откривањето на куќата на ужасите во која членовите на групата Ве Вељко Беливук сурово ги мачеа и убиваа своите противници!



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.