Македонија

Шоферот на Диме Спасов малото Боби ветува? В година Гази Баба ќе доделува субвенции за велосипеди, тротинети, чистење на оџаци и плински уреди

Стан во Гранд Престиж од 200 квадрати купен пред неколку месеци 📌
Стан за ќерка му од 80 квадрати во Трим и Лум – Карпош 📌
Нотарска дозвола за сестра му на сам почеток откако стана зам. министер за финансии📌
Женаму главна во телеком!!!
Инаку другарче на Заев од студентски денови!
Сигурно е “чист” по однос на криминал и корупција!
Можно е да е слика од 1 лице и стоење

Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, денес 03.12.2021 година, во просториите на општина Гази Баба ги додели решенијата за субвенции за купување на печки на пелети на граѓаните на општина Гази Баба во висина од 536.600 денари, средства од буџетот на општина Гази Баба.

Пред присутните се обрати градоначалникот Стефковски, кој истакна дека за следната година средствата во буџетот за субвенции за печки на пелети ќе се зголемат на 1.500.000 денари, додека за прв пат општина Гази Баба од следната година ќе доделува субвенции за велосипеди, тротинети, чистење на оџаци и вградување на уреди за гас на автомобили.

Сите овие мерки и проекти се во насока на намалување на загадувањето и заштитата на животната средина.

Нема достапен опис

Денес ги доделивме решенијата за субвенции на печки на пелети за 2021 година на жителите на општина Гази Баба во висина од 536.600 денари, средства од буџетот на општината. За следната година во буџетот, средствата за субвенции за печки на пелети ги зголемуваме на 1.500.000 денари. За прв пат во општина Гази Баба следната година воведуваме субвенции за граѓаните за велосипеди, тротинети, чистење оџаци и вградување уреди за течен гас на автомобили, рече Стефковски.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.