Македонија
Шекеринска бара итна расправа за избор на спикер: Имаме 10 пратенички потписи
Пратеничката од СДСМ побара Собранието итно да гласа за измена на дневниот ред и пратениците да се изјаснат по предлогот за избор на спикер.
Пратеничката од СДСМ Радмила Шеќеринска побара Собранието итно да гласа за измена на дневниот ред и пратениците да се изјаснат по предлогот за избор на претседател на Собранието затоа што има поддршка од 10 пратеници,повикувајќи се на одредби од Деловниот кои го овозможуваат тоа.
– Во текот на седницата по предлог на претседателот, на предлагачот или на пратеник кого го поддржуваат 10 пратеници, а еве ги 62, Собранието без претрес одлучува по секој предлог да се гласа за измени во редоследот на претресот. И тие сите додавки што сега си ги додавате ги нема во Деловникотт – рече Шеќеринска.
