Балкан

Шамap од Бpиceл за Maкедонија: Албанија започнува преговорите со ЕУ во јуни – ние мало cyтра

Boнpедна вест од Брисел, Албанија ќе ја одржи првата меѓувладина конференција во јуни, најавува познатиот бриселски новинар Џек Керок кој известува за голем број светски медиуми.

Ова според новинарот е голем чекор за пристапниот процес на Албанија кон ЕУ, а дава сигнал дека останува бугарското вето за Македонија и се растура пакетот на двете земји.

-“Извори ми велат дека Комисијата ќе препорача одржување на првата меѓувладина конференција на јунскиот самит на лидерите на ЕУ. Земјите членки на ЕУ тогаш ќе изберат дали да одобрат почеток на преговори за Албанија”, пишува Перок на својот твитер профил.

 

Ова е добра вест за Албанија и нејзината интеграција во ЕУ, но лош сигнал за Македонија. Да не заборавиме дека минатата недела претседателот Стево Пендаровски се врати од посета на Брисел и посочи дека мали се шансите првата меѓувладина конференција Македонија да ја има во јуни. Одржување на првата меѓувладина конференција фактички го означува официјалниот почеток на преговорите на една држава за влез во ЕУ.



Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 09:41 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.