МакедонијаТОП

Семејството Стајиќ донира 1 милион денари на семејството Белчовски

Семејството Стајиќ, основачи и сопственици на компанијата Gulf Oil во Македонија му донираат 1 милион денари на семејството, на трагично починатата Верица Белчовска, кое покажа колку е цврсто во болката. Белчовски во најтешките моменти одлучија да ги донираат органите на нивната ќерка и сестра, а нејзиното срце и бубрези спасија живот на тројца млади луѓе, на возраст од 22, 27 и 40 години.
„Да се донесе одлука да се даруваат органите на своето дете во моменти кога го губите засекогаш, потребно е многу сила, љубов и хуманост – да мислите на туѓ живот кога го губите своето најмило. Белчовски во овие моменти се неутешни и не постои збор што може да ја намали нивната болка која им ја гребе душата и не им дава мир. Луѓето кои носат вакви одлуки се посебни. Не постои човек кој не им е бескрајно благодарен, бидејќи ни покажаа дека живот сепак може да се подари – велат од семејството Стајиќ, изразувајќи длабоко жалење до фамилијата за прераната загуба.


Македонија

Заболени
154,524
Мртви
5,184
Излечени
143,427
Активни
5,913
Last updated: 15/05/2021 - 09:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.