Македонија

СЕЛА ЈА ПРЕКИНА СОРАБОТКАТА СО ВМРО-ДПМНЕ Не дозволуваме метастазирање на Левица

Контаминацијата и метастазирањето на Левица во ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на заедничките сценарија на ДУИ и ВМРО како во времето на груевизмот, сега со подршка и на СДСМ, се лесни за читање и неприфатливи за Алијансата за Албанците.

Алијансата за Албанците најави дека ќе ја прекине соработката што досега ја имаа со ВМРО-ДПМЕ, откако од градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, доцна синоќа беше разрешен од директорка позиција брат на висок функционер на АА кој учествуваше во вчерашниот вооружен инцидент пред плоштадот „Скендербег“.

– Контаминацијата и метастазирањето на Левица во ВМРО-ДПМНЕ, враќањето на заедничките сценарија на ДУИ и ВМРО како во времето на груевизмот, сега со подршка и на СДСМ, се лесни за читање и неприфатливи за Алијансата за Албанците. Не дозволуваме да бидеме ниту дел, ниту жртва на вакви сценарија. Слично како и другите пати, Албанците и овој пат платија. А поените ги земаат ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Враќање на претходните сценарија на ДУИ и ВМРО повеќе нема да дозволува Алијансата за Албанците. Како резултат на последните случувања, ја прекинуваме соработката со ВМРО, не дозволувајќи повеќе да се навредуваат Албанците – изјавија поладнево на прес-конференција во седиштето во Тетово.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.