Некатегоризирано

Села и Гаши со порака до ДУИ: Или Зибери премиер или одeте во опозиција

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 27/09/2020 - 20:56 (+02:00)

Коалицијата Алијанса на Албанците и Алтернатива досега немале ниту една официјална или друга средба на тема за учество во новата влада и нема да преговараат пред легалниот, но нелегитимен победник на изборите, во албанскиот камп, односно ДУИ, да го исцрпи правото да биде дел од идната влада. Јавноста треба да знае дека заврши времето кога Албанците се туркаа пред вратата на Владата, кој прв ќе влезе во неа, кој повеќе ќе попушти во пазарот, велат во заедничко соопштение.
Иако не се легитимни победници на изборите на 15 јули во албанскиот политички камп, Алијанса и Алтернатива нема да влезат во преговори се додека ДУИ не го исполни предизборното ветување премиер да биде Насер Зибери.
Дури, како што сме кажале, се вели натаму во соопштението, ако во Собранието на Република Македонија дојде предлог Насер Зибери да биде премиер, они со нивните 12 пратеници ќе гласаат за истиот. Но, ако ДУИ не успее да го реализира ова ветување, за што има легалитет, таа партија нема право да биде дел од идната влада и нејзиното место е во опозиција.
За крај, уште еднаш ве повикаме кратко и јасно „Или Насер Зибери Премиер, или одете во опозиција“, велат од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker