ЖивотСекс

Секој ден на работа се фалеше со колку жени спиел, но жена му си ја нарекуваше најубав ангел… (18+)

sekoj-den-na-rabota-se-faleshe-so-kolku-zheni-spiel-no-zhena-si-ja-narekuvashe-najubav-angel-01.jpg

Доаѓаше на работа со сочни исповеди од типот „Леле, една голема што сум ја растресол, ѝ ги кренав нозете и од што ѝ беа долги мислам го оштетив кровот од автомобилот“. Верувале или не, некогаш дури и фотографија ќе ни покажеше од некоја од неговите „блиски пријателки“.

А, тие, не знам што да кажам – никакви, зборувам никакви во споредба со неговата жена убавица.

Таа со извајано тело, очи како на срна, долга лелеава црна коса… Едноставно совршена.

Но, не, со неа има 2 деца и веќе 15 години е во брак, па таа не му е забавна. Веќе му е видена, искусена, здодеана.

Не ја цени, не ја перципира нејзината исконска убавина.

Спие со која ќе стигне, а згора на сè се фали каде ќе стигне.

Ова првото не го разбирам, покрај такво богаство дома што има, но ова второво уште помалку. И го прашав „зошто се фалиш наоколу, зарем не ти е страв дека некој ќе ѝ пренесе, сепак мал е градов, секој со секој се знае“…?

А, тој во негов „мачо“ стил ми вика: „Па, ако не се пофалиш дека си е*ел, тоа е исто како да не си е*ел.“

И толку, тоа беше сè што ме интересираше за неговите излети надвор од бракот. Навистина не сакав да знам, не сакав да слушам за нешто кое крајно го осудувам.

Се случуваше дури и сопругата да дојде да го посети на работа, а со кои очи да ја гледам таа жена кога нејзиниов спиеше со секоја промискуитетна жена што ќе му наидеше на патот. И уште понесфатливо е што ниту една од нив не ѝ беше до колена, ниту по изглед, ниту по интелигенција, ниту по култура.

Но, така бирала во животот и тоа е тоа.

Жално е што ваков животен стил тераат многу мажи, а да им споменеш што ако твојата сопруга си направи ваков „излет“ на страна од бракот очи ќе ти истераат. Жената не смеела да изневерува, не ѝ личело, треба да е угледна, мажите се друго. Двојни аршини до бесвест.

Они тоа онака го прават, без емоции, ништо не значело, ништо не менувало во бракот, а жената била друго, таа ќе се вљубела, деца треба да чува дома, не чини тоа.

И така не престана да се фали со кого сè секс имал, а слушам до ден денес уште е во брак.

Познавате ли и вие по некој ваков?



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:30 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.