Занимливости

Се снима четвртата сезона од „Преспав“ – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија

Со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор.

se-snima-chetvrtata-sezona-od-prespav-100-epizodi-od-najuspeshnata-tv-serija-01.jpg

Започна снимањето на четвртата сезона на „Преспав“ која меѓу телевизиските серии доживеа најдолг век и најголем успех. Со продуцирање на новите 20 епизоди од четвртата сезона, „Преспав“ ќе одбележи јубилеј – 100 епизоди од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор, за што продуцентот Пеце Талески, изјави:

„Со МРТВ заеднички работиме на развој и унапредување на македонската телевизиска продукција и се надевам дека ги поставуваме стандардите за годините што следуваат.“

Емитувањето ќе почне од декември 2019 година на првиот канал на МРТВ, а епизодите ќе бидат достапни и на каналот на „Преспав“ на YouTube.

„По измината успешна сезона, со која Преспав докажа дека е особено позитивен пример во македонскиот медиумски простор, МРТВ и оваа година застанува зад омилениот ТВ продукт на публиката и му отстапува prime time на првиот канал на Македонската телевизија“ – изјави Марјан Цветковски, директор на МРТВ.

Првата постава на актерската екипа останува речиси непроменета. Во главните улоги се: Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Игор Стојчевски, Игор Џамбазов, Васил Зафирчев, Горан Стојановски, Адриан Азири и Дритон Вејсели. Дополнително, во четвртата сезона, Емра Куртишова како Исуара и Владимир Тулиев како Дончо му се придружуваат на главниот каст.

se-snima-chetvrtata-sezona-od-prespav-100-epizodi-od-najuspeshnata-tv-serija-02.jpg

se-snima-chetvrtata-sezona-od-prespav-100-epizodi-od-najuspeshnata-tv-serija-03.jpg

Идејата и концептот за „Преспав“ се на Елеонора Венинова и на продуцентот на серијата Пеце Талески, а режираат: Игор Иванов – Изи, Вардан Тозија и Георги Унковски. Сценаријата ги пишуваат: Сашо Кокаланов, Алек Попов и Делјана Манева и младите сценаристи Артин Селамани, Игор Трајковски и Огнен Неделковски. Директор на фотографија е Дејан Димески, а монтажер и супервизор на звук е Сашко Потер Мицевски. Костимограф е Емилија Ивановска Атанасовска, автор на сценографијата е Снежана Поњавиќ Муча, а шминката е на Ирена Сенокозлиоска.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.