Македонија

Се санира кејот на Вардар

Се санира кејот на Вардар

ЈП Улици и патишта со другите јавни претпријатија го уредуваат и санираат кејот на реката Вардар.

Како што известуваат оттаму, екипите на ЈП Улици и патишта со започнувањето на проектот за целосна реконструкција на левата страна на кејот на река Вардар ги завршија активностите за отстранување на нефункционалните и стари патеки на потегот од мостот Мајка Тереза до Железничкиот мост, каде што ги отстранија оштетени плочи од патеките.

На овој потег, постојните патеки се со должина од 750 метри и широчина од 3 метри и по завршувањето на овие градежни активности, екипите ќе реализираат активности целосна обнова и продолжување на постојните патеки.

Паралелно се одвиваше и се уште е во тек чистењето по должината на коритото. Со тримери се косеше обраснатата нискостеблеста вегетација од косините на реката и рачно се чистеше, во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни. Машински се чистеа и косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина, се косеше погуста вегетација, а се собираше и наталожен мил од коритото, гранки, корења и дрвја.
Досега екипите со машинското чистење имаат расчистено пола површина од потегот од мостот кај телевизијата Канал 5 кон Систина. Деновиве санирани се и постојните елементи на кејот кои беа оштетени, како оштетувањето на пешачката патека на насипот на Вардар каде што наместа имаше оштетени бекатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и оградата на мостот. Санирани се, исто така, и скалилата спроти телевизијата Канал 5, заштитната ограда на мостот на улица Васил Чакаларов, оградата на трибината на одбојкарското игралиште, како и просторот за седење на трибините на кејот на река Вардар, велат од УП.

Паралелно со екипите на ЈП Улици и патишта, интензивно работат и екипите на ЈП Паркови и зеленило и ЈП Комунална хигиена, во координација со Град Скопје,
Градот Скопје и екипите на јавните претпријатија и во наредните денови ќе ги продолжат работните активности за активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар за да можат граѓаните да користа за рекреација и прошетки.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.