Македонија

Се реконструира улица „Ресавска“ во Кавадарци (видео)

Вистинска градежна експанзија се случува во општина Кавадарци. Во градското подрачје на сите страни се работи. „Ресавска“ е само дел од програмата за реконструкција на градски сообраќајници,  каде ќе се постави целосно нов слој на асфалт.

 

Од локалната самоуправа велат дека во наредниот период речиси и ќе нема улица во градот,  која нема да биде реконструирана или асфалтирана.

Градоначалникот Митко Јанчев заедно со службите во општината денеска изврши увид во градежните работи на улицата и информира дека за оваа инвестиција општината ќе потроши 7 милиони денари.

 

„После пробивањето на западен булевар улицата Ресавска доби голема фрекфенција и беше предвидена целосна реконструкција. Ќе се отстрани стариот слој, се прави подобрување на подлогата, нивелирање на шахти и на сливници, а ќе се постави целосно нов слој на асфалт. Со оваа улица е опфатена и улицата „Иван Мазев“наспроти новата градинка. Оваа инвестиција е на општина Кавадарци во висина од околу 7 милиони денари“ изјави Јанчев.



Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 09:56 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.