Свет

„Се разведовме со маж ми, но сега сме пријатели – ми го отплати дури и кредитот за куќата“

Шон од Велика Британија сакал да се осигури дека неговата поранешна сопруга Кет ќе може на раат да се грижи за нивните деца, без да мора да размислува дали ќе може да ја плати ратата за куќата, па по разводот ја изненадил со отплаќање на кредитот за куќата.

se-razvedovme-so-mazh-mi-no-sega-sme-prijateli-mi-go-otplati-duri-i-kreditot-za-kukjata-01.jpg

Кет Кинан (31) од Велика Британија била 8 години во брак со Шон Ниланд и имаат две деца заедно. Но, за жал нивната љубов исчезнала и одлучиле да стават крај на бракот. Тие заедно работеле на креирање на содржина за социјалните мрежи.

Но, интересно е што тие останале во одличен однос, имаат заеднички вечери со децата, а тој дури и помага околу трошоците.

 

 

Се запознале во 2013 година, а за причината за крајот на бракот Шон вели:

„Причината за разделбата беше таа што нашата врска стана повеќе пријателски однос отколку љубовна врска. Минувавме по 24 часа заедно, работевме заедно на креирање на содржина за социјалните мрежи и практично повеќе се гледавме како пријатели.“

 

 

За периодот по разводот Кет вели:

„Имаме деца и двајцата сметаме дека е важно тие да имаат среќни родители кои можат да комуницираат еден со друг и да се во добар однос.“

Двајцата сметаат дека мора да го прават тоа што е е најдобро за нивните деца, а токму затоа Шон ја изненадил Кет со отплаќање на нејзината хипотека за домот. Сакал да се осигури дека Кет ќе може на раат да се грижи за нивните деца, без да мора да размислува дали ќе може да ја плати ратата за куќата.

„Толку сум горд на тебе, ти си најдобрата мајка на светот и одлучив да сторам нешто за тебе“, ѝ кажал Шон токму на нејзиниот роденден и ја изненадил со овој неверојатен потег.

 

На прашањето како одржуваат вака добар однос по разводот, Кат вели дека клучно е времето кое го минуваат одвоено, односно тоа што живеат на различни адреси. Вели на тој начин секој има можност да учи за себе и да се развива.

„Советот до тие кои минуваат низ тешки времиња е дека за сè е потребно време. Шон и јас минавме 3-4 месеци сосема одделени. Ни беше потребно време и простор да работиме на себе и да можеме да бидеме пријатели“, вели Кет.

Дали можете да се замислите во ваков однос? Верувате ли во пријателство по развод?

 

 

 

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.