Македонија

Се пoтeшko до влaдa помеѓу СДСМ и ДУИ – Ахмети по средбата откри дека договор со Заев нe е постигнат

Во Собранието попладнево се одржa средба на лидерите на СДСМ и на ДУИ како дел од преговорите за формирање парламентарно мнозинство и влада.

Македонија

Заболени
17,629
+146
Мртви
725
+3
Излечени
14,581
Активни
2,323
Last updated: 27/09/2020 - 22:26 (+02:00)

Договор не е постигнат и се надеваме дека таков договор е можен затоа што државата не треба да остане без извршна власт, изјави Али Ахмети, лидерот на ДУИ по денешната средба со Зоран Заев, претседателот на СДСМ. Заев по денешнаата средба изјави дека разговорите продолжуваат. Никој од нив не кажува дали неможноста да се постигне договор е околу барањето на ДУИ да има прв премиер Албанец.

„Државен интерес е да се продолжи партерството кое затвори многу значајни теми – членство во НАТО и почеток на преговорите со ЕУ. Очекуваме позитивен епилог од овие разговори. Ние инвестираме прашањата да одат во добра насока“, изјави Ахмети и најави дека е оптимист и дека преговорите ќе продолжат.

Во Собранието попладнево се одржa средба на лидерите на СДСМ и на ДУИ како дел од преговорите за формирање парламентарно мнозинство и влада.

Откако Ахмети денеска упати покана за заедничка средба со лидерите на партиите од албанскиот политички блок в четврток по повод годишнината на Охридскиот рамковен договор, Заев во изјава за ТВ 21 тоа го оцени како притисок врз него, СДСМ и коалицијата „Можеме“, но наведе дека е прерано да даде каков било одговор на тоа дали таа средба може да влијае врз формирањето на новото парламентарно мнозинство.

СДСМ претходно, како и во изминатите денови, и денеска преку соопштение информираше дека ги продолжуваат, како што наведоа, сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат. Новата влада, велат, ќе работи на уште поголема грижа за сите, на јакнење на економскиот стандард, на прочистување на правосудството и обезбедување силна правна држава и владеење на правото.

loading...

Поврзани вести

Back to top button

Adblock Detected

Please consider supporting us by disabling your ad blocker