Балкан

Се појави снимка од хоророт на Косово вечерва: Расте бројот на загинати по пукањето врз автобус со ученици (ВИДЕО)

Во автобус е пукано од калашников вечерва кај Глоѓане, а според последните информации загинале четири лица, јавува Економија онлајн.

Од болницата во Пеќ за ТВ Клан Косово потврдија дека загинале двајца студенти и возачот на автобусот. Од болницата велат дека не е познат бројот на повредени.

Според Коха, на лице место загинале возачот и кондуктерот на автобусот, како и две помлади лица, родени 2003 и 2004 година. Полицијата потврди дека неколку маскирани лица го нападнале автобусот, дека возачот е убиен, а неколку студенти се повредени.

Автобусот сообраќал од Дечани кон Глоѓане, а пукањето се случило околу 19 часот.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.