Македонија

СЕ ПИШАЛА АЛБАНКА ЗА ДА ВЛЕЗЕ НА РАБОТА ВО ЈАВНА АДМИНИСТРАЦИЈА: Македонците граѓани од втор ред

Дирекцијата за извршување санкции вработи раководител на сектор од македонската припадност, иако во конкурсот објавен од Агенцијата за администрација местото беше предвидено за Албанец. Во јавниот оглас број 359/2018, во Секторот за безбедност, третман и обука во Дирекцијата за извршување на санкции, се предвидуваше вработување на припадник од албанската заедница. Станува збор за Билјана Зефиќ, која во пријавата е прогласена за Албанка, и покрај тоа што нејзината етничка припадност е македонска.

Алсат телефонски ја контактираше Зефиќ на албански јазик, но таа призна дека не знае албански. Таа тврдеше дека е Албанка – католик. Зефиќ, исто така, се повика на својата професионалност како службеник во Дирекцијата за извршување на санкциите веќе 32 години, додавајќи дека таа била кандидатот што ги исполнила сите услови и освоила максимални поени за да ја добие позицијата. Од Агенцијата велат дека во текот на постапката немало
прекршувања на постапката.

“Кандидатот успеа заслужено да ги добие потребните поени за оваа позиција. Проблемот во овој случај е тоа што дека според годишниот план за вработување и балансирање, оваа работа треба да припадне на некој од албанската зедница. Но, кандидатката при нејзината апликација, условно кажано го злоупотребила своето уставно право за слободно да ја изрази својата етничка припадност и се декларирала како Албанка“, рече Агрон Сефери, заменик директор на АА.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:00 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.