Македонија

Се pacпаѓа ли ДУИ?: Арбер Адеми забележан на прославата на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот министер за образование и наука, и актуелен пратеник од редовите на ДУИ, Арбер Адеми денес беше присутен на прославата по повод одбележувањето на 31. роденден на ВМРО-ДПМНЕ која се одржа во Охрид.

Адеми исто така беше и заменик претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања, а моментално е член на неколку собраниски комисии.

Изминатиов период во јавноста се шират шпекулации за внатрешни судири и борба за доминација помеѓу различни групации на ДУИ. Наводно, се врши притисок врз шретседателот на партијата Али Ахмети да ги тргне Артан Груби и Бујар Османи и од партијата, а со тоа и од високите позиции во Владата.

Останува прашањето за причините за неговото присуство на официјалното одбележување на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ.

 



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.