Колумни

СЕ ОГЛАСИ ГРУЕВСКИ: НЕКА Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА! НЕКА НИ Е ВЕЧЕН ЗОРАН ЗАЕВ

zoki se zablagodari

Нека ни е честит и нека е вечен празникот 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

Денот кога во 1893 година е одржан првиот состанок на основачите на МРО (подоцна ВМРО) на кој заеднички ја прифатиле и се обврзале да се борат за идејата дека е потребна подготовка и водење на организирана револуционерна борба за слобода на Македонија.

Нека е вечна Македонија!

Со целите на нашата генерација: европска, демократска, слободна, праведна, економски силна, но и суверена Македонија!

П.С. Во продолжение за оние кои сакаат да прочитаат околу почетоците на организацијата извадоци од три книги:

1. Монографија за првиот претседател на ЦМРК (1893-1901), еден од шесте основачи и подоцна член и советник на задграничниот комитет на ВМРО во Софија од 1902 до 1912, Д-р Христо Татарчев, од Владо Поповски, едиција ,,Македонски дејци” 2016 година

2. ,,Основи на внатрешната револуционерна организација” од Христо Матов еден од најзначајните раководители и идеолози на ВМРО, прв претседател на Скопскиот револуционерен комитет, член на ЦК на ТМОРО (подоцна ВМРО) од 1898 до 1901, член на задграничното претставништво на ТМОРО во Софија, 1907-1908 година. Едиција ,,PROMACEDONIA”, 2014 година, и

3. Монографија за Борис Сарафов, еден од најистакнатите, најавторитетните и највлијателни револуционери и водачи на македонската револуционерна организација, од Никола Жежов, едиција ,,Македонски дејци”, 2019 година.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 24/06/2021 - 23:41 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.