Македонија

Се крие ли кластер на заразени во општинската зграда во Аеродром?

Помеѓу вработените во општинската зграда во скопски Аеродром има шестмина позитивни на ковид-19, а општината не реагира и не ги известува граѓаните за ситуацијата, велат загрижени граѓани за Плусинфо.

Загрижени граѓани се јавија во редакцијата на Плусинфо за да ја споделат информацијата дека помеѓу вработените во општинската зграда во скопски Аеродром има шестмина позитивни на ковид-19, а како што велат, општината не реагира и не ги известува граѓаните за ситуацијата.

Како што тврди нашиот соговорник, само вработените од едно одделение во општината се пуштени дома, додека, пак, заболените циркулирале низ сите служби и имале контакт со други вработени, како и со странки.

Лично сум бил во општината и ги имам добиено овие информации, а за бројот на позитивни случаи може да потврди и Институтот за јавно здравје, како и Државниот санитарен и здравствен инспекторат – вели нашиот соговорник кој сакаше да остане анонимен.

Плусинфо во неколку наврати побара одговор од Кабинетот на градоначалникот Златко Марин, но безуспешно. Првиот пат, откако го поставивме прашањето дали е вистина дека помеѓу вработените во општинската зграда има заразени со ковид-19, учтиво бевме замолени да почекаме неколку минути и дека одговорот ќе го добиеме за многу кратко време. Но, одговор немаше ниту по еден час. Сепак, на крајот добивме СМС порака дека одговор ќе можеме да добиеме во понеделник.

Македонија

Заболени
27,199
+245
Мртви
934
+15
Излечени
18,948
Активни
7,317
Last updated: 26/10/2020 - 18:41 (+01:00)
loading...

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.