Македонија

Се крчкаат имињата за „можни“ кандидати за градоначалници во Крива Паланка

Листите за кандидати за градоначалници и места во општинскиот совет на Крива Паланка се подготвуваат со засилено темпо од страна на политичките партии, за локалните избори кои ќе се одржат на 15 октомври оваа година.

Извори од двата политички блока во општината велат дека кандидати има многу, но сепак сите се таинствени кога се во прашање имињата на финалните кандидати.За конечната одлука,најверојатно пресудни ќе бидат рејтингот и јавното мислење на терен.

Според неформалните партиски анкети, Социјалдемократскиот сојуз во Крива Паланка ќе им даде шанса на докажани членови на партијата, додека пак кај ВМРО-ДПМНЕ повторно на список е актуелниот градоначалник,како и неколку нови имиња.

Во јавноста како можни кандидати за градоначалник од владејачката партија одат со проверени и докажани кадри, овде се споменуваат имињата на претседателот на ОО и директор на државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Борјанчо Мицевски, потоа бизнисменот Сашко Митовски,сопственик на повеќе угостителски објекти во градот, човек со силна биографија и чисто минато

. Шанса за прв човек на општината бараат и Александар Јанковски инспектор во МВР, адвокатот Мартин Николовски,претседателката на форумот на жени Крива Паланка, Даниела Велковска, директорот на комуналното претпријатие во Ранковце Небојша Трајковски, потоа Миле Марковски мр. по геодетски работи вработен во приватна компанија, како и двајца лекари, гинеколози Горан Младеновски и Ацо Младеновски.

Неизвесна трка за градоначалничкото столче се очекува и кај опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, актуелниот градоначалник Арсенчо Алексовски ќе се обиде и по трет пат да ја добие внатрепартиската доверба, каде најверојатно ќе има конкуренција во бизнисменот Јосип Павловски  и Оливер Алексовски вработен во МВР и поранешен пратеник.

Засега и кај двете партии има многу кандидати а сигурна одлука сеуште нема. Имињата кои кружат во кривопаланечката јавност се сеуште неофицијални и никој не сака да ги потврди, не сакаат да коментираат ниту оние кои се „можни“ кандидати.

Канал 77



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 04:57 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.