Живот

Сè е удрено на пљачка, Книговодителката ми вели: Слушај, морам да ти покачам цена, таков е законот

Како се намалуваат приходите, така се зголемуваат расходите. А треба да биде обратно, ама еве не е. И после зошто затворање на бизниси, зошто отпуштања на вработени. Приватен стопанственик од Скопје, за Балкан раскажува со што се соочува во неговото работење:

,,Приватна фирма имам од 1997 година, значи скоро 22 години. Никогаш во опстојувањето, мојата компанија не била со блокирана сметка. Сум се трудел секогаш чесно да работам и веројатно поради тоа и толку години опстојувам.

А сум доживеал многу неправди и многу пари сум загубил. Најмногу од нечесни коминтенти, кои наместо да ми платат, ги терале фирмите под стечај. Досега имам ненаплатени преку сто илјади евра и веројатно никогаш нема да ги добијам, иако за некои предмети се водат судски спорови, или имам добиено извршни решенија во моја корист. Едноставно, нема од каде и што да им се наплати.

Но тоа е друга тема. Сите што работат приватно се соочуваат со слични проблеми. Сакам да проговорам за нешто друго. Речиси од кога ми постои фирмата, имам и еден ист книговодител. Е тој мој книговодител, кого со години, секој месец паушално го плаќам, сега скоро ме изненади со покачување на цената за неговите услуги.

Имено, јас работам дејност за која овој месец може да имам само една излезна фактура, но таа да биде со износ во против вредност од да речеме 20 илјади евра. Работата на книговодителот за една фактура излезна месечно се знае колкава е.

Е арно ама, мојот книговодител ми соопшти дека уште пред две години се донел некој закон, книговодителите да наплаќаат според обртот на средства на фирмата. Колку повеќе пари вртиш, толку повеќе да ти наплатат. Независно од нивниот ангажман. Бидејќи едно е да имам јас сто фактури месечно по двесте евра, а друго е една на 20 илјади евра. Кога зборуваме колку време ќе загуби книговодителот со мојата фирма.

Нејсе, редно време било и тој мене да ми ја покачи цената, бидејќи, пази ваму, може во кафеана, јас на мои пријатели со фирми ќе сум им кажел колку пари плаќам книговодтсво, а тие ќе им кажеле на своите книговодители и ете ти проблем за него. Работел испод цена, ќе му се налутеле  колегите.

Ми идеше тоа ланскиот регистратор шо ми го имаше дадено да му го треснам од глава. Па како не му е срам бе дваесет години  сум му клиент. Затоа велам, нас не не бива. Не власта, туку нас. Секој гледа нешто да ќари на ситно, без работа, да те разочара, да те омаловажи. Тоа е, ќе го сменам. Можеби ќе плаќам на друго место и повеќе, но тој си го потроши кредитит кај мене.”

П.П.

Фотографија на Хумор.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.