МакедонијаТОП

СДСМ води со три отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, Заев го „изеде“ рејтингот на Груевски: Премиерот води со 6,5 отсто

За првпат по повеќе од десет години, СДСМ има поголем рејтинг од ВМРО-ДПМНЕ. Според анкетата на Телма, СДСМ има рејтинг од 24,3 осто, а ВМРО-ДПМНЕ од 20,9 отсто.

Рејтингот на ДУИ изнесува 8,9 отсто, додека втора партија во албанскиот блок е БЕСА со 3,1.

Најновата анкета на телевизија Телма покажува дека рејтингот на Никола Груевски е во вртоглав пад, додека рејтингот на премиерот Зоран Заев е во пораст.

Според анкетата, Заев има доверба кај 26,2 отсто од граѓаните, додека во Груевски веруваат 19,7 отсто.

Кај лидерите од албанскиот блок повторно води Али Ахмети со 6 отсто, додека Зијадин Села има рејтинг од 3,4 отсто.

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов има рејтинг од 9,4 отсто.

Анкетата ја спороведе телевизија Телма во соработка со МЦМС и М Проспект во период од 4 до 11 септември.

 



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.