Македонија

СДСМ со најголема заработка од буџетот и во 2020 НЕ КРАДАТ ПО СИТЕ ОСНОВИ

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има најголема „заработка“ на средства од националниот буџет и во 2020-та година, откако Министерството за правда на 25 декември им ги префрлило и остатокот од средствата кој законски им следуваше на политичките партии, а требаше да им бидат исплатени до крајот на годината.

Дел од 3,5 милиони евра кои ги поделија сите политички партии беше распределен предизборно летоска, а поголемиот дел им е префрлен на сметките пред крајот на 2020. Оваа година, поради корона-кризата, Министерството за правда предложи 30 отсто помала сума во однос на една година претходно, а партиите тоа законски го прифатија едногласно. Критериум за добиените средства се освоените гласови на изборите.

СДСМ во 2020 вкупно, заедно со парите префрлени за аналитичкиот центар, добил од државата 52.197.201 денари. Втората исплата на крајот на декември изнесувала 28.819.211 денари. Инаку владеачката партија во 2019 инкасирала 77.892.152 денари.

Втор по рангирањето е ВМРО-ДПМНЕ со вкупно 46.747.169 денари по втората исплата од 25..405.720 денари. Сумата што ја добила најголемата опозициска партија претходно во 2019 е 68.659.307.

ДУИ низ 2020 се стекнал со 22.636.312, а како споредба сумата во 2019 била 31.702.945 денари.  Движењето Беса е на четврто место, меѓудругото благодарение на тоа што има аналитички центар како и претходните три. Коалициониот партнер од владеачкото мнозинство има 14.421.466 денари од државниот буџет за 2020

Коалицијата Алијанса/Алтернатива инкасирала 10.209.285 денари, пред Демократската партија на Турците со 6.044.821. На седмото место е ДПА со 5.399.492 денари. На сметката на ГРОМ се префрлени вкупно 5.399.492, а на Левица износот е 3.923.079 денари. Единствена Македонија на Јанко Бачев има околу 3,2 милиони, а Сојуз на Ромите добил околу 4,6 милиони.



Македонија

Заболени
101,214
+582
Мртви
3,111
+13
Излечени
90,685
Активни
7,418
Last updated: 25/02/2021 - 19:26 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.