КолумниТОП

СДСМ ПРЕКУ СВОИТЕ ПОРТАЛИ ГО НАПАДНА ПЕНДАРОВСКИ: ДАЈ СИ ТИ ОСТАВКА АКО СИ МОРАЛЕН, АМА НЕ СИ БЕТЕР СИ ОД НАС

ПРЕТСЕДАТЕЛЕ, ЗОШТО НЕ СИ ПОДНЕСЕТЕ ОСТАВКА ИЛИ БАРЕМ НЕ СЕ ИЗВИНИТЕ НА ЈАВНОСТА ЗА СКАНДАЛОТ СО ДИПЛОМАТОТ ВО ВИЕНА ЗА КОЈ ИМА ИЗДАДЕНО ПОТЕРНИЦА ОД ЕРМЕНИЈА?

ТЕКСТ НА СДСМ ВО ПРОВЛАДИНИ ПОРТАЛИ ОБЈАВЕН

Претседателот Пендаровски обожава да држи лекцици како он е морално над сите, како он е безгрешен и надјобар политичар во земјава, но заборава дека тој веќе не е само аналитичар, туку е дел од власта и тоа една од 3-те најмоќни функционери во земјава!

Па според тоа да го запрашаме претседателот ако е веќе толку морален и етичен, што не си поднесе оставка за скандалот со дипломатот кој бил фатен како спасува криминалци од Ерменија?!

Дипломатот кој е сега уапсен во Србија е назначен за дипломат во ОБСЕ во Виена во 2020-та иако веќе за него имало распишано одамна потерница за меѓународен криминал во Ерменија. Ова по се изгледа е превид и грешка на претседателот на државата затоа што според уставот, токму претседателот:

– поставува и отповикува, со указ, амбасадори и пратеници на Република Северна Македонија во странство во постапка утврдена со Законот за надворешни работи;
– дава согласност за издавање агреман на шеф на странско дипломатско претставништво;
– ги прима акредитивните и отповиковните писма на странските дипломатски претставници во постапка утврдена со Законот за надворешни работи.

Уште да додадеме дека претседателот е шеф на Агенцијата за Разузнавање која разузнава на меѓународен план што се случува во светот во врска со нашите национални интереси, зарем АР немале информации дека наш дипломат учествувал до спасување на криминалец од Ерменија негово нелегоално вадење од таа земја со злоупотреба на дипломатски пасоши?!

Зарем АР не знаеле дека за тој и тој дипломат се води истрага, па тоа го дознал министерот Никола Димитров и поради тоа го повлекол дипломатот, но потоа пак некој го пратил незад на дипломатска мисија во Виена?!

Дипломатот освен во тоа злодело и порано важел за проблематичен, се тепал по амбасади со години, зарем тоа претседателот не го знаел и зошто не го знаел?!?!

Еве што вели за случајот екс министерот Никола Димитров:

Во 2019 година во МНР се добиени првите индиции дека ќе се води истрага за постапки на односните вработени, меѓу кои и за овој дипломат. Но, посочува, во тоа време немаше никаква информација за потерница и секако немаше пресуда.

Сепак, МНР имајќи ја предвид истрагата и токму врз основа на овие индиции, не дозволи овие лица да бидат упатени на служба во странство. МНР за најавената истрага написмено ги информираше безбедносните служби, кои меѓу другото се надлежни и за безбедносни сертификати и проверки“, вели Димитров.

Согласно Законот, додава тој, на дипломати во МНР не може да им биде поништена дипломатска патна исправа, освен при одземање на безбедносен сертификат што е во надлежност на друга институција, односно престанок на работниот однос.

„Потерницата од Интерпол е распишана во февруари 2020 година, долг период по враќањето на дипломатот од Виена и за тоа не е доставена информација до МНР во времето додека бев таму на должност. Како и зошто сега бил упатен на служба токму тој дипломат и тоа во Мисијата при ОБСЕ, немам информации“, наведува Димитров на Фејсбук.

Од изнесениве факти, нагласува тој, јасно се гледа дека за време на мојата должност во МНР, службите постапиле законски и во рамки на своите надлежности.

„Меѓу другото, токму јас го имам искористено дискреционото право да не го испратам овој дипломат на служба, имајќи ја предвид неизвесноста околу истрагата“, пишува вицепремиерот Димитров.

Според ова спорно е зошто не му бил одземен и безбедносниот сертификат од страна на безбедносните служби со кои меѓу другите командува и Стево Пендаровски преку директорската позиција во АР?!

Ајде претседателе извинете се за скандалот или поднесете си оставка или обожавате да им држите лекции на другите, за вас тоа не важи?!



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:45 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.