Македонија

СДСМ најави укинување на екстерното, ДПМНЕ не дозволува

Новата влада уште на првата седница ќе го укине екстерното оценување, најави денеска Социјалдемократскиот сојуз.

Според нив, овој принцип на оценување на учениците е нелогичен и не носи ништо добро освен притисоци врз учениците и казни за наставниците. Од партијата најавуваат крупни реформи во образованието, кои треба да обезбедат успешен модерен и европски образовен модел.

– Во основното образование, во првите 5 години ќе има само описно оценување. Оценки ќе има во следните 4 години. Бројот на ученици во паралелка ќе го намалиме на 25 ученици во просек. Во средното образование, покрај класичното четиригодишно гимназиско и стручно образование, ќе воведеме и можност за завршување по втора и трета година кај стручното образование. Така, оние кои сакаат побрзо да се вклучат во пазарот на трудот, нема непотребно да ги задржуваме во образовниот систем – изјави денеска на прес-конференција пратеникот во Собранието и претседател на комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов.

За ВМРО-ДПМНЕ пак, ова е неприфатливо и велат дека нема да дозволат укинување на екстерното. Од таму велат дека СДСМ „нема право, ниту ќе има можност да укинува, намалува или руши веќе реализирани проекти кои, како обезбедиле бенефиции за граѓаните.”



Македонија

Заболени
0
Мртви
0
Излечени
0
Активни
0
Last updated: 19/10/2021 - 04:33 (+02:00)

Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.