Колумни

СДСМ изгуби од СДСМ во три општини

Куманово, Дебарца и Шуто Оризари. Во овие општини победија кандидати кои во 2017 година станаа градоначалници како кандидати на СДСМ. На овие избори, СДСМ одлучи да не ги кандидира, па тие настапија како независни или од друга партија. Со ова, СДСМ ги изгуби овие три општини.

Во Куманово добропозната е ситуацијата со Максим Димитриевски, член на СДСМ кој по внатрепартиските пресметки, не беше кандидиран од својата матична партија. Тој одлучи на изборите да настапи како незвисен и го победи кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски.

Во општина Шуто Оризари втор мандат освои Курто Дудуш. Ако во 2017 година првиот мандат го доби како кандидат на СДСМ, на овие избори беше кандидат на коалицијата ДОМ/ЛДП. Во вториот круг Дудуш го победи кандидатот на СДСМ, Ферат Асан.

Третата општина во која СДСМ, условно кажано, изгуби од СДСМ, е Дебарца. Втор мандат таму освои Зоран Ногачески, кој на овие избори беше независен кандидат. Првиот мандат во 2017 година тој го освои со СДСМ, но поради неговата поддршка на граѓанскиот протест против депонијата која требаше да се направи во село Годивје и „непослушноста“ која ја покажа, партијата одбра друг кандидат. Во вториот круг, тој кандидат, Игор Крцоски беше поразен од незвисниот Ногачески.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.