Македонија
САШО ЗАМИНАЛ ВО ХОНДУРАС…
AJ MO CBИ У ХОНДУРАС…
Бидејќи Премиерот си кажа што очекува, да си кажам и јас што до сега очекуваВ:
1. Очекував заедничка прес конференција на обвинителството и полицијата на која ќе бидат присутни обвинителите кои работеа, Вилма Русковска, Јовевски, Оливер Спасовски и сите одговорни од службите со кои Русковска наводно контактирала заради обезбедување доказ за можно бегство.
2. На прес конференцијата очекував да има оставки.
3. Очекував да добиеме јасни податоци што е преземено и што ќе се преземе заради утврдување одговорност.
Наместо тоа ни се сервираат информации ко оние во детските списанија – бројки за решавање и поврзување, па ти направи си ја сликата.
Едно знам- не може обвинителство да поднесе предлог за притвор само на информација од “приватен извор” , мора да има нешто конкретно, документ во најмала раказа да може судот да одлучува. Всушност може, но нема да му успее, судот мора да утврди околности за бегство, а тоа не може да биде само зборот на обвинителката.
Зошто од службите на МВР не е навреме даден документот (известувањето) за ризик за бегство и кој е кртот и од каде… ?
Пренаивно е веќе да ја довршам реченицава со “очекувам да дознаеме”.
https://youtu.be/qX4ejUlT4pg

Македонија
Заболени
106,110
Мртви
3,176
Излечени
94,275
Активни
8,659
Last updated: 06/03/2021 - 08:56 (+01:00)