Македонија

САШО БИЛ ДОСТАПЕН ДО ПОПЛАДНЕВО

Според сознанија на „360 степени“, од неделата во 16 часот на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков му се губи секаква трага. Во текот на претпладневите часови, тој последен пат бил забележан во кафулето „Дистрикт“, кое се наоѓа во рамки на хотелот „Мериот“, во непосредна близина на скопскиот плоштад.

Иако на официјалниот сајт на Министерството за внатрешни работи, го нема името на Мијалков, неофицијално веќе е распишана централна потерница и се трага по него.

Повеќе граѓани, пред да биде обелоденета информацијата за исчезнувањето на Мијалков, на социјалните мрежи реагираа на бројното присуство на полицијата на излезите од Скопје, која вооружена со автомски пушки правела претрес на сите возила.

Инаку, полицијата, неофицијално, попладнето не успеала да му го врачи решение за куќен притвор, како мерка за претпазливост, кое на барање на обвинителството викендот го донесол Кривичниот суд.

Бил баран на повеќе адреси, но не бил најден.

Мијалков е еден од неколкутемина обвинети во случајот „Тврдина-Таргет“. По минатонеделното рочиште на кое беа презентирани завршните зборови на одбраната и на обвинителството, за петок беше најавено изрекување на пресудата.

За него, обвинителката Ленче Ристоска побара максимална казна.

Полицијата вечерва трага по Сашо Мијалков. Екс директорот на УБК го бараат за да му достават наредба за куќен притвор издадена од Судот, објави ТВ21.

Неофицијално наредбата доаѓа за да се обезбеди присуство на Мијалков за пресудата за случајот „Таргет Тврдина“ закажана за 26 февруари, во кој тој е осомничен.

Сашо Мијалков го нема во неговиот дом, а пред неговата зграда на Водно, „врие“ од полиција. Тука се и екипи на Единицата за брзо распоредување.

Мијалков се бара и на повеќе локации низ Скопје, каде што често престојувал.

Никој од Министерството за внатрешни работи и Обвинителството не ги потврдува информациите за распишување на централна потерница за Сашо Мијалков, додека засилена полициска контрола ги проверува речиси сите автомобили на скопската обиколница.



Македонија

Заболени
146,733
+824
Мртви
4,419
+31
Излечени
122,121
Активни
20,193
Last updated: 18/04/2021 - 01:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.