Свет

Само вакцинираните од Македонија од утре можат да влезат во Швајцарија

Само вакцинираните од Македонија од утре можат да влезат во Швајцарија

Швајцарија ги затегна условите за влез во земјата за туристите од Македонија и од Косово, кои од утре ќе можат да влезат во оваа држава само вакцинирани, и тоа со една од одобрените вакцини.

На невакцинираните ќе им биде дозволен влез само во ситуации „на крајна неопходност“. Според Државниот секретаријат за миграција, за такви ќе се сметаат само смртта на роднини, судските повици или итните посети на претставниците на власта.

Новата регулатива нема да важи за граѓаните на Македонија и на Косово кои имаат дозвола за престој во Швајцарија.

Причината за новите мерки е влошената епидемиолошка состојба во двете балкански земји и фактот дека по летните одмори многу луѓе што се вратија оттаму дојдоа во Швајцарија со корона инфекција.



Македонија

Заболени
189,887
Мртви
6,594
Излечени
170,956
Активни
12,337
Last updated: 27/09/2021 - 09:30 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.