Македонија

Само ПДП и Коалицијата за промени и правда досега доставија пратеничките листи до ДИК

Партијата за демократски просперитет (ПДП) и Коалицијата за промени и правда, која ја сочинуваат Демократски сојуз, ФРОДЕМ, ДЕМОС И МОРО-РП денеска до Државната изборна комисија ги доставија листата на кандидати за пратеници во шесте изборни единици за предвремените парламентарни избори, закажани за 11 декември. Се очекува останатите партии вечерва до полноќ, кога и истекува рокот, да ги достават своите листи до ДИК.

dik
Од ДИК денеска соопштија дека се зголемил бројот на пријави на македонски државјани кои живеат во странство, а кои ќе гласаат на изборите. Утринава оваа бројка изнесувала околу 16.000, а до 14 часот се зголемила на 19.074. Како што соопштуваат од Комисијата, 16.644 од пријавите се прифатени 211 се одбиени, а 2.219 се обработуваат.

Според податоците на ДИК, најмногу пријавени за гласање има во Берн, Венеција и Детроит. Вечерва на полноќ завршува и пријавувањето на лицата со спорни записи и увидот во Избирачкиот список.

Извор: Мета



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.