Македонија

Сали од Алтернатива ја мерка фотелјата на Филипче

Алтернатива го сака Министерството за здравство и едно вицепремиерско место од четирите колку што постојат. И покрај тоа што Алтернатива смета дека е сè уште рано да се зборува за поделба на ресорите, неофицијални извори велат дека Беким Сали е името кое се спомнува во партиските тела за министер за здравство, објави Алсат-М.

Беким Сали е стоматолог и е генерален секретар на Беса и тој денеска беше заедно со лидерот на Алтенратива, Африм Гаши, на четиричасовната средба со премиерот Зоран Заев.

По средбата, владината служба за информирање соопшти дека била постигна начелна согласност за програмскиот дел од можната идна соработка изразена преку политичко и извршно учество на Алтернатива во Владата.

„Започнаа разговорите за преземање и споделување одговорности во интерес на граѓаните и државата, при што се разменија мислења околу можните кадровски решенија кои треба да ги преземат потенцијалните обврски и одговорности, односно за соодветните позиции, министри, заменици министри и други раководни лица во рамки на централната власт“.

Дали во фотелјата на актуелниот министер за здравство Венко Филипче ќе седне Сали од Алтенратива, ќе се знае на една од наредните средби на Гаши со Заев.



Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.