Македонија

Рycкоска, Ристocка и Пеливaнов не caкаат Миjaлков да оди во затвopcки пpитвop, ја повлекле жалбата

Обвинителката Вилма Рускоска заедно со обвинителите Ленче Ристоска и Трајче Пеливанов ја повлекле жалбата по одредениот куќен притвор на Сашо Мијалков со која бараа да му се одреди затворски притвор.

Информацијата ја потврдуваат и од Обвинителството. Засега нема објаснување зошто обвинителите се одлучиле за ваков чекор. Повлекувањето на жалбата значи дека Мијалков ќе остане во куќен притвор, oдносно нема да му се

изрече затворски притвор.

Вилма Рускоска и Сашо Мијалков веќе еден час се во зградата на Обвинителството откако тој сам се пријави и од исчезнат стана достапен за органите за правдата.

Обвинителката Рускоска вчера за „А1он“ он кажа дека иако побарала затворски притвор, одобрен бил куќен притвор со мерка постојан видео надзор.

Извор: А1 ОН



Македонија

Заболени
101,214
Мртви
3,111
Излечени
90,685
Активни
7,418
Last updated: 26/02/2021 - 10:41 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.