Македонија

Русковска за а1 он-Имав информација и алармирав дека Мијалков ке избега преку зелениот појас кај Куманово

ЛАЖЕШ ПИЈАНДУРО САШО Е ЦАР ЗА ТЕБЕ

Обвинителката Вилма Русковска е првата личност која добила оперативни сознанија дека Сашо Мијалков може да избега пред изрекувањето на пресудата за предметот „Таргет-Тврдина“. Нејзините информации биле непотврдени, вели таа, па затоа не можело веднаш да се побара притвор. Русковска за „А1он“ вели дека нејзин извор и кажал дека Мијалков ќе избега од државава преку зелениот појас на границата кај Куманово. Но, ова требало да го потврди и МВР. Агенцијата за национална безбедност, за ова време, немала никакви сознанија ниту сомнежи. МВР пак, оперативните сознанија не ги потврдиле, ниту поткрепиле, туку и ги вратиле како документ со генералии од Мијалков, за да Обвинителството може да бара притвор. Русковска за „А1он“ раскажа што се случувало во саботата и неделата, како се одлучувало и постапувало во врска со барањето за притвор за Мијалков.

„Јас немам кристална кугла за да можам да погодувам каде е и што е. Јас во саботата во 12:30 после пладне му се јавив на министерот за внатрешни работи, поврзано со оперативни сознанија кои јас ги имам. Оперативни сознанија од мој извор. Му кажав, сознанија кои беа апсолутно непотврдени. Тој рече: ‘Добро Вилма, во ред, јас ќе разговарам со АНБ и ќе бидеме во контакт’. Некаде после 15:30 ми се јави и ми рече: ‘Можеш ли тоа на писмено да ми го доставиш?’, одговорив дека можам. Јас отидов на работа, напишав и доставив. Мои оперативни сознанија за кои немам потврда. Не знаевме колку се точни, тоа се оперативни сознанија. Јас го добив околу 22:30 повторно известување од полиција, моето, само ми го препратија со генералии на Мијалков. И вика: ‘Да си постапувате’. Јас му се јавив на директорот на БЈБ и прашав дали АНБ имаат некакви сознанија, тој ми кажа дека нема никакви сознанија за бегство на Мијалков. Следниот ден (недела), републичкиот обвинител ми рече: ‘Вилма јави се ајде на изворот, колку е информацијата точна..’. Јас изворот успеав околу пладне да го добијам на телефон. Во разговор со него, од 1 до 10, сфатив дека околу 7 ми е веројатноста дека ќе избега. Кога ми се крена степенот на сознание, Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов отидоа да изготват предлог за притвор, дојдоа кај мене да удриме печат, известувањето од МВР и моето известување до МВР да го приложиме до судот“, вели Русковска за а1 он.

Целиот текст можете да го прочитате А1 он.мк



Македонија

Заболени
106,110
Мртви
3,176
Излечени
94,275
Активни
8,659
Last updated: 06/03/2021 - 08:56 (+01:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.