Македонија

Русковска нема да бара следење за Вељаноски и Димовски: Ако избегаат Собранието нека му ја мисли

Шефицата на организиран криминал Вилма Русковска нема да бара полицијата да ги следи Трајко Вељановски и на Љупчо Димовски на кои Собранието не им го одзема имунитетот. Ако избегаат Собранието нека му ја мисли, вели Русковска во разговор за Телма. Таа не сака да ги коментира постапките на пратениците, ниту однапред да говори дали ваквиот исход може да влијае на истрагите кои ги води обвинителството за организаторите на 27-ми април и за злоупотребите во земјоделството.

Истрагите ќе подолжат со тоа што овие двајца барем засега осомничени, остануваат да се бранат од слобода. Притвор обвинителството може да бара и доколку подигне обвинение по што ќе треба да се повтори целата процедура за имунитетот, но за сега обвинителката не ги открива идните чекори.

Кои се опциите судот сам повторно да побара одземање на имунитетот на осомничените пратеници, претседатлеот на кривичен Иван Џолев вели ќе ги разгледаат сите правни опции

Во судот денеска не пристигнало никакво известување од Собранието, ниту дека не му го одзеле имунитетот на Вељаноски, ниту за Димовски за кого процедурата во Собранието почна уште на втори февруари.



Поврзани вести

Напишете коментар

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.