Занимливости

Русија протера македонски дипломат

Русија протера македонски дипломат

Русија прогласи за персона нон-грата вработен во Амбасадата на Македонија во Москва како противмерка, објави руското Министерство за надворешни работи.

Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадор на Македонија во Руската Федерација, беше повикана во руското Министерство за надворешни работи на 10 јуни, каде што и беше врачена нота, со која се прогласува за персона нон-грата вработен во Амбасадата на Македонија во Москва“, се вели во соопштението на Министерството.

Оваа мерка е одговор на одлука на македонската страна во мај годинава да се прогласи за персона нон грата дипломат на руската амбасада во Скопје, се објаснува во соопштението.

Министерството за надворешни работи на Македонија протера руски дипломат на крајот на мај. По ваквиот потег на Македонија, руската дипломатска мисија во Скопје објави дека Москва размислува за контрамерки.



Македонија

Заболени
155,655
+10
Мртви
5,481
+3
Излечени
149,933
Активни
241
Last updated: 25/06/2021 - 00:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.