Колумни

РУДНИК, СЕКАКО, НЕМА ДА ИМА!!

Krum Velkov 15 мин. · СТУДЕН ТУШ ЗА ЕУРОМАКС РИСОРСИС! Slow Food Macedonia - имате искрена благодарност и честитки за оваа ваша важна објава од страна на целата иницијатива "СТОП за Рудникот на смртта - СПАС за Струмичка Котлина. Ви посакуваме што побрза правна разврска за лажното претставување од страна на узурпаторите. Така се бранат заедничките интереси. Портпаролот ние ќе го процесуираме.

СТОП ЗА ЗЛОУПОТРЕБАТА НА НАШЕТО ИМЕ!

Веќе подолг временски период сведоци сме на злоупотреба на нашето име од поединци во служба на нечии интереси. Во повеќе наврати медиумски се објавени активности на наводното здружение на граѓани „Слоу Фуд Огражден“ (Association Slou Fud Ograzden), за што добивме повеќе реакции на наши членови, активисти, како и граѓани кои знаат што значи Слоу Фуд како движење.

Мораме на ваков начин да реагираме и да ве известиме дека посоченото здружение нема никаква врска со нашата мрежа во последните 5 години, откако ја изгуби франшизата на името и логото на организацијата во 2017 година и е избришано во регистарот на Slow Food International, исто така заради слични примери на злоупотреба и непочитување на строгите правила на меѓународната организација. Но, лицето Sasho Popovski воден најверојатно од лични интереси, веројатно не ја почитува одлуката за целосна промена на логото на здружението, во кое веќе не членуваат членови на Слоу Фуд.

Со тоа, на најгруб начин врши злоупотреба на името и угледот на организацијата, а врши законско прекршување бидејќи името и логото на организацијата во Македонија е заштитена трговска марка со Решение број 10-1361/7-2018 TM/2018/352 од 2018 година издадено од Државен завод за индустриска сопственост на РСМ.

Од тие причини, следните денови ќе биде поведена постапка од страна на нашите адвокати до посоченото здружение и лицето кое се претставува како нејзин претседател.
Воедно сакаме уште еднаш да упатиме јавна поддршка на „Здрава Котлина“ во нивната борба која значи живот за локалните жители и заедници, што е на линија и со нашето делување. Членови и активисти од нашите конвивиуми беа и сé уште се активно вклучени во активностите да се спречи отворање на рудници во Југоисточниот регион на Македонија за што континуирано добиваат поддршка од целата наша мрежа. Борбата продолжува.

РУДНИК, СЕКАКО, НЕМА ДА ИМА!!!

Можно е да е слика од 3 луѓе и надвор


Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 10:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.