Свет

РОМАНИЈА САКА ДА ДОНИРА ИЛИ ПРЕПРОДАВА ВАКЦИНИ ПОРАДИ НЕЗАИНТЕРЕСИРАНОСТ НА НАСЕЛЕНИЕТО

Романија ќе донира или препродава свои расположливи антивирусни вакцини и ќе се откаже од планираното купување милиони дози, соопшти денеска романското Министерство за здравство. Објавата е дадена откако вакцинацијата на населението е забавена бидејќи луѓето не се заинтересирани.

– Владата усвои итна уредба со која се дозволува препродажба на дози вакцини во трета земја, изјави државниот секретар Моника Алтхамер на прес-конференција.

Додека тоа не се реализира, земјата ќе испрати хуманитарна помош од вкупно 151.000 дози до соседите Украина и Србија, како што веќе испрати во Молдавија.

Романија, која досега има добиено скоро 15 милиони дози, ќе го прекине купувањето на 4,4 милиони дози планирани за јуни како дел од заедничката европска процедура.

Либералната влада на државата си постави за цел да вакцинира пет милиони луѓе пред почетокот на јуни. Досега, само 4,2 милиони Романци примиле две дози вакцина, помалку од една четвртина од населението.

 

Администратор
17/06/2021 01:12


Македонија

Заболени
156,017
Мртви
5,489
Излечени
150,263
Активни
265
Last updated: 24/07/2021 - 09:26 (+02:00)

Поврзани вести

Back to top button

Детектиран Блокатор

Ве молиме да го исклучите вашиот блокатор за реклами на вашиот пребарувач за овој сајт, со истото би дале поддршка за повеке вести.